19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Polestar“ ги продаде сите 500 примероци, а моделот ќе го произведе за...

„Polestar“ ги продаде сите 500 примероци, а моделот ќе го произведе за 4 години

За време на автомобилската недела во Монтереј кон крајот на минатиот месец, „Polestar“ го претстави „спортското купе на иднината“ наречено „LA Concept“. Сега Швеѓаните се пофалија дека ги продале сите 500 примероци од моделот, чија сериска верзија ќе се вика „Polestar 6“.

Љубопитното во овој случај е што производството на купето ќе започне дури во 2026-та година. А тоа значи дека неговите сопственици имаат тенденција да чекаат дури 4 години за да го добијат автомобилот. Од компанијата најавија дека засега престануваат да примаат нарачки за моделот барем до крајот на оваа година.

Успехот на „Polestar 6“ се објаснува со одличните резултати на првиот модел на новата марка. Тоа беше „Polestar 1“ – големо хибридно купе со можност за полнење од електричната мрежа. После тоа, компанијата го лансираше и „Polestar 2“, седан со целосно електричен погон, кој има голем успех на пазарот, особено во Кина, каде што се произведува.

Што се однесува до „Polestar 6“, тоа е трет концептен модел на марката само оваа година. Неговиот дизајн нејасно потсетува на „Volvo“ автомобили од минатото, но инженерството е врвно. Купето има внатрешност со голем вертикален екран за инфозабавниот систем, волан со два краци десно и подвижен покрив.

Електричниот автомобил е базиран на нова целосно алуминиумска платформа со технологија од 800 волти позајмена од спортскиот седан „Polestar 5“ кој дебитираше на Фестивалот на брзина во Гудвуд претходно ова лето. Моделот со две седишта развива моќност од 994 ks и 900 Nm, при што најавеното забрзување од 0 до 100 km/h трае 3,2 секунди, а максималната моќност е 250 km/h.

„Големиот интерес од нашите клиенти покажува дека извонредниот електричен роудстер како „Polestar 6“ прави голема разлика во секторот за спортски автомобили. Комбинацијата на отворен покрив плус електрика е очигледно онаа што им се допаѓа дури и на најтврдокорните љубители на бензинските мотори“, коментира Томас Ингенлат, извршен директор на „Polestar“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП