9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕСМ: Цените за набавка на енергентите енормно зголемени, граѓаните да штедат струја

ЕСМ: Цените за набавка на енергентите енормно зголемени, граѓаните да штедат струја

ЕСМ како производител на 70 проценти од вкупната електричната енергија во државата, што ја покрива 100-процентно целокупната потреба на граѓаните и малите потрошувачи (мали фирми и јавни институции), апелира секој поединец да даде максимален придонес за намалување на потрошувачката на струја во државата со свој личен влог.

ЕСМ наведе дека ќе ги вложи сите напори да ја произведе целата електрична енергија што е потребна за граѓаните до крајот на грејната сезона и да ја има во доволни количини, но граѓаните треба да знаат дека секој киловат-час што ќе го заштедат, ќе значи помалку трошење јаглен, мазут и гас за неговото производство. Тоа, како што велат од ЕСМ, значи заштеда на големи средства од државниот буџет, средства што се на сите нас бидејќи цените за набавка на енергентите енормно се зголемени.

„Со почетокот на глобалната енергетска криза цената на мазутот е зголемена речиси 100 %, на јагленот над 200 %, а на гасот 700 %. Цената за набавена електрична енергија е покачена 1.000 %. Ваквите цени во услови на криза државата и граѓаните тешко ќе може да ги поднесат“, велат од ЕСМ.

Додаваат дека ако се придржуваме на мерките, енергијата што ќе се заштеди АД ЕСМ ќе може да ја пренасочи кон стопанството, особено кон големите фирми и институциите, кои купуваат струја на слободниот пазар по енормно високи цени, и на тој начин ќе може да им понудат одредена количина по пониски цени, со што ќе се намалат нивните трошоци за работа.

Само со штедење на електричната енергија сите ние можеме многу да им помогнеме на болниците, училиштата, градинките, како и на нашата економија, и заедно да излеземе од оваа наметната криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП