2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTwitter го превзема MoPub за 350 милиони долари

Twitter го превзема MoPub за 350 милиони долари

twitter1

„Twitter“ одлучи да ја откупи компанијата „MoPub“, која се занимава со маркетинг услуги.

Иако цената сеуште не е официјална, се проценува дека „Twitter“ за оваа компанија платил околу 350 милиони американски долари.

Со ова превземање „Twitter“ сака да ги зголеми своите приходи до 2014 година, и да ја достигне границата од 1 милијарда американски долари.

Со раст на приходите од огласувањето, американската социјална мрежа сака да ја зголеми својата популарност, бидејќи од почетокот на наредната година таа планира за прв пат да се појави на берзата.

„MoPub“ е маркетинг компанија која има околу 100 вработени и на својата веб страница има околу 20 милијарди огласи секој ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП