Еден од првите луѓе на руски Лукоил, Равил Маганов, почина во четвртокот откако падна од прозорецот на болницата во Москва, изјави извор за Ројтерс.
За смртта на Маганов објавија и некои руски медиуми.
Маганов (67), во вториот по големина руски производител на нафта, Лукоил бил од 1993 година, по основањето на компанијата, а ја надгледувал нејзината рафинерија, производство и истражување, а во 2020 година станал и претседател на управниот одбор. Неговиот брат Наил Маганов е шеф на рускииот производител на нафта Татнефт.