20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска е најголемиот извозник на електрична енергија во регионот

Хрватска е најголемиот извозник на електрична енергија во регионот

Хрватска е најголемиот извозник на електрична енергија во регионот, според рангирањето на Worldtopexports.

Со извозот на електрична енергија кој изнесува 1.188.851.000 долари, Хрватска е високо рангирана на 16-то место на светската ранг-листа, која опфаќа вкупно 88 земји. Во однос на минатата година, извозот на струја од Хрватска е поголем за 441,2 отсто.

Втор најголем извозник на електрична енергија во регионот е Словенија со продажба од 851.636.000 долари, со раст од 128,4 отсто во однос на 2020 година. На светската ранг-листа се најде на високото 20. место, пишува Индикатор.

Босна и Херцеговина е рангирана на третото место во регионот, а на 32. во светот со остварен извоз од 499.675.000 долари. Споредено со 2020 година, растот на извозот е 73,1 отсто.

Србија е на 43-то место на рангирањето со остварени продажби на меѓународниот пазар во вредност од 155.946.000 долари, Северна Македонија е 45-та со 141.245.000 долари, а веднаш зад неа е Албанија на 46-то место со 136.484.000 долари. По Бразил, Албанија минатата година имаше најголем скок на извозот на електрична енергија во светот, постигнувајќи импресивен раст од 768 отсто. На последното место во регионот е Црна Гора со остварен извоз од 64.142.000 долари (раст од 29 отсто), заземајќи го 55. место на рангирањето.

Приходите од меѓународниот извоз на електрична енергија од сите земји изнесуваа 61,5 милијарди американски долари во 2021 година. Севкупно, вредноста на извезената електрична енергија се зголеми во просек за 99,8 отсто за сите земји извознички од 2017 година, кога извозот на електрична енергија изнесуваше 30,8 милијарди американски долари.

Од 2020 до 2021 година вредноста на глобално извезената електрична енергија паднала за -12,8 отсто.

Петте најголеми светски извозници на електрична енергија се европските добавувачи Германија, Франција, Швајцарија, Шпанија и Белгија. Заедно, таа група големи снабдувачи на електрична енергија обезбеди 40,5 отсто од глобално извезената електрична енергија во 2021 година.

Франција е земја која остварува најголем трговски суфицит од електрична енергија, вкупно 3,2 милијарди долари лани (нето суфицитот е зголемен за 145,2 отсто во 2021 година), додека Бугарија е на 15-то место со 511 милиони.

Италија има најголем трговски дефицит од електрична енергија од 5,5 милијарди долари (нето извозниот дефицит лани е зголемен за 286,3 отсто).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП