Русија има резерви на гас за наредните сто години, а оваа зима во магацините ќе има рекордни количества гас, изјави извршниот директор на Гаспром Алексеј Милер.
„Нашите руски потрошувачи ќе имаат пристап до евтина енергија. Клучно е да се знае дека домашните потрошувачи имаат добра причина да бидат оптимисти за иднината на снабдувањето со гас. Затоа што имаме резерви за следните 100 години. И знаеме дека некои од нашите полиња во развој ќе бидат оперативни и ќе ја снабдуваат земјата со гас до 2120 година“, рече Милер.

