16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛавров: Во оваа ера, Русија нема на кого да се потпре освен...

Лавров: Во оваа ера, Русија нема на кого да се потпре освен на себе

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека оваа земја постои долг историски период, иако нема на кого да се потпре освен на себе и дека Западот од самиот почеток е фокусиран на нејзиното слабеење и распарчување.

„Како што гледаме, реакцијата на Западот на спроведувањето на специјалната воена операција јасно покажува дека задачите на Западот од самиот почеток биле глобални и насочени кон слабеење и распарчување на нашата земја“, рече тој, пренесува ТАСС.

Лавров истакна дека Русија е свесна за неспособноста на Западот да преговара и да ги почитува обврските и дека нејзините ветувања дека нема да го прошири НАТО на исток и дека ќе се придржува до принципот на неделива безбедност може да бидат „фрлени во ѓубре“.

„За време на ерата во која живееме сега, мора да бидеме подготвени да сфатиме дека немаме на кого да се потпреме освен на нас самите“, рече тој.

Тој рече дека Русија ќе промовира агенда заснована на принципите на Повелбата на ОН и почитување на суверената еднаквост на државите, кои, според неговите зборови, „се прекршуваат од Американците и нивните европски и други сојузници“.

„Околу 80 отсто од оние што живеат на планетата претставуваат земји кои не се приклучија на санкциите објавени од САД и нивните сателити и покрај секојдневниот притисок врз владите на овие земји“, рече Лавров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП