26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводството на пиво во ЕУ надмина 33 милијарди литри во 2021-ва (ИНФОГРАФИК)

Производството на пиво во ЕУ надмина 33 милијарди литри во 2021-ва (ИНФОГРАФИК)

Земјите од Европската унија произвеле 33,1 милијарди литри пиво што содржи алкохол и речиси 1,7 милијарди литри безалкохолно пиво или пиво со помалку од 0,5% содржина на алкохол во 2021-ва година, покажуваат податоците на Евростат.

Во однос на 2020-та година, има значителен раст и во двете категории. Порастот во производството на безалкохолно пиво е поизразен за речиси 20%, а кај алкохолното пиво е за близу 3%.

Вкупното производство на пиво во ЕУ минатата година беше еквивалентно на речиси 78 литри по жител.

Германија останува најголемиот производител на пиво во ЕУ со 7,5 милијарди литри (23% од вкупното производство во ЕУ во 2021-ва година). Ова значи дека околу едно од четири алкохолни пива произведени во ЕУ потекнуваат од Германија.

По Германија следат Полска и Шпанија со 3,7 милијарди литри и Холандија со 2,5 милијарди литри. Овие четири земји сочинуваат 52% од вкупното производство на пиво во ЕУ.

Холандија продолжува да биде водечки извозник, со вкупно извезено (во и надвор од ЕУ) од 1,9 милијарди литри алкохолно пиво во минатата година, или 21% од вкупниот извоз на пиво во ЕУ. Следат Белгија (1,7 милијарди литри, 19%) и Германија (1,6 милијарди литри, 17%), Франција и Чешка (и двете по 0,5 милијарди литри).

Што се однесува до главните дестинации за извоз на пиво надвор од ЕУ, главни партнери се Велика Британија (902 милиони литри, или 22% од вкупниот извоз на пиво надвор од ЕУ) и САД (765 милијарди литри, 19%), а потоа од Русија (391 милиони литри, 9%), Кина (340 милиони литри, 8%) и Јужна Кореја (168 милиони литри, 4%).

Франција продолжува да биде најголем увозник на алкохолно пиво со 0,8 милијарди литри, што претставува 16% од вкупниот увоз на ЕУ (во ЕУ и од трети земји). Италија и Германија увезоа по речиси 0,7 милијарди литри (13%), а потоа следат Холандија (0,6 милијарди литри, 12%) и Шпанија (0,5 милијарди литри, 10%).

Увозот на пиво од земји надвор од ЕУ е незначителен во споредба со увозот во ЕУ. Најпосакувани се британското пиво (248 милиони литри, или 47% од вкупниот увоз на пиво од земји надвор од ЕУ) и мексиканското пиво (122 милиони литри, 23%). Србија (46 милиони литри), Белорусија (26 милиони литри) и Украина (17 милиони литри) се исто така меѓу поголемите увозници, но со многу помал обем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП