25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКулеба: ЕУ да го забрани доаѓањето на руски туристи, тие ја поддржуваат...

Кулеба: ЕУ да го забрани доаѓањето на руски туристи, тие ја поддржуваат геноцидната војна

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ја повика Европската Унија им забрани влез во земјите-членки на руските туристи, опишувајќи ја мерката како соодветна бидејќи повеќето Руси ја поддржуваат „геноцидната агресивна војна“ на нивната земја против Киев.

„Помина времето за полумерки“, изјави Кулеба за „Ројтерс“ пред вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Прага.

„Само строга и конзистентна политика може да даде резултати. Мнозинството руски граѓани ја поддржуваат руската геноцидна војна“, рече Клуеба.

Се очекува министрите да се согласат да го суспендираат договорот за визно олеснување со Москва, што значи дека Русите ќе мора да чекаат подолго и да плаќаат повеќе за визите, додека блокот најверојатно ќе остане поделен околу целосната забрана за патување во ЕУ.

„Забраната на визите за руските туристи и некои други категории ќе биде соодветен одговор на руската геноцидна агресивна војна во срцето на Европа, која ја поддржува огромното мнозинство руски граѓани“, рече Кулеба во изјавата за „Ројтерс“.

Тој исто така предложи да се започне специјална програма за руските војници кои повеќе не сакаат да се борат во Украина. „Пораката е: спасете се и заминете. Оставете го оружјето, предадете се на украинските сили и добијте шанса да започнете нов живот“, рече Кулеба.

„Убеден сум дека вреди да се даде таа понуда, бидејќи дури и еден руски војник да го остави оружјето и реши да замине, тоа значи спасени животи на Украина и поблизок мир“, рече Кулеба.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот ги повика руските војници да бегаат за да ги спасат своите животи откако неговите сили започнаа офанзива за повторно заземање на јужна Украина. Москва тврди дека го одбила нападот и им нанела големи загуби на силите на Киев.

Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека украинските сили ги потиснале руските сили на некои места на јужното бојно поле, искористувајќи ја релативно слабата руска одбрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП