21 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија го запре протокот на гас преку Северен тек 1

Русија го запре протокот на гас преку Северен тек 1

Русија во средата го запре протокот на гас низ најголемиот гасовод во Европа, интензивирајќи ја економската војна меѓу Москва и Брисел и зголемувајќи ги изгледите за рецесија и енергетска рационализација во некои од најбогатите европски земји.

Протокот падна на нула во Северен тек 1, кој води до Германија преку Балтичкото Море, покажуваат податоците од влезната точка на Северен тек во германската гасоводна мрежа.

-Нема да има гас за Германија од среда во 3 часот по средноевропско време до раните утрински часови во сабота, објави руски Газпром, а пренесува ХРТ.

Европските влади стравуваат дека Москва би можела да го продолжи тој период поради западните санкции воведени по инвазијата на Украина и веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин ја користи енергијата како воено оружје.

Понатамошните ограничувања за снабдувањето со гас во Европа би ја влошиле енергетската криза во која веќе се забележани скокови на големопродажните цени на гасот за повеќе од 400 отсто од минатиот август, создавајќи криза за трошоците на животот за потрошувачите и отежнувајќи ги компаниите да работат и ги принудуваат владите да потроши милијарди за да го олесни товарот.

Москва, која веќе го намали снабдувањето на Северен тек 1 за 40 отсто од капацитетот во јуни и на 20 отсто во јули, ги обвинува проблемите со одржувањето и санкциите кои според неа го спречуваат враќањето и инсталирањето на опремата.

Гаспром рече дека последниот потег е неопходен за одржување на единствениот преостанат компресор на гасоводот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар