23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ најавува ново зголемување на каматните стапки во септември

ЕЦБ најавува ново зголемување на каматните стапки во септември

Официјални лица на Европската централна банка (ЕЦБ) во септември сигнализираа ново значително зголемување на каматните стапки во еврозоната, во услови на континуирано висока инфлација и знаци на губење на довербата во централните банки.

На седницата во јули, ЕЦБ ги зголеми клучните каматни стапки за половина процентен поен, а сличен или уште поголем пораст се очекува на седницата закажана за 8 септември, пренесува SEEbiz.

Членот на извршниот одбор на ЕЦБ Изабел Шнабел, гувернерот на француската централна банка Франсоа Вилерој де Галхау и неговиот латвиски колега Мартинс Казакс кон крајот на минатата недела се залагаа за остри или значајни потези.

-И веројатноста и цената за вкоренување на сегашната висока инфлација во очекувањата се непријатно високи, рече Шнабел на неформалниот собир на банкари и финансиски службеници во американскиот Џексон Хол.

Таа додаде дека во таков амбиент, централните банки мора да преземат силни потези.

Летонскиот гувернер смета дека ЕЦБ треба да размисли за зголемување на каматните стапки за половина и три четвртини од процентниот поен.

-Гледано од сегашна перспектива, треба да се подигне најмалку 50 базични поени, рече Мартинс Казакс.

Тој предупреди и на заканата од рецесија.

-Со високата инфлација што ја имаме, ќе биде тешко да се избегне рецесија, ризикот е значителен и техничка рецесија е многу веројатна, рече Казакс.

ЕЦБ ја поддржува економијата со пониски каматни стапки. Во моментов тие се уште се далеку од неутралното ниво кое според проценките на економистите е околу 1,5 отсто.

Во јули централната монетарна институција на еврозоната ја зголеми каматната стапка на банкарските депозити на нула проценти. Каматната стапка за кредитите преку ноќ на банките е зголемена на 0,75 отсто, а за рефинансирање на банките на 0,5 отсто.

-Според мене, би можеле да достигнеме неутрални стапки пред крајот на годината, по уште еден значаен потег во септември, рече Вилерој.

Шнабел, исто така, предупреди дека очекувањата за инфлација би можеле да го надминат целното ниво на среден рок од два отсто. Таа исто така нагласи дека јавноста почнува да ја губи довербата во централните банки, покажуваат анкетите на јавното мислење.

Во интервјуто во средината на август таа ја истакна и можноста за рецесија во еврозоната.

– Има силни знаци дека растот ќе забави, а не би ја исклучил можноста да влеземе во техничка рецесија, особено ако дополнително се намали снабдувањето со енергија од Русија, изјави Шнабел.

Таа додаде дека рецесијата ќе ги ублажи ценовните притисоци, но нема да биде доволно само по себе да ја врати инфлацијата на целното ниво.

-Дури и да влеземе во рецесија, малку е веројатно дека инфлаторните притисоци сами ќе се намалат, заклучи тогаш Шнабел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП