СВЕТ

Дупки на покривот на најголемата европска нуклеарна централа Запорожје(ФОТО)

Нуклеарната централа Запорожја во јужна Украина, која руските сили ја зазедоа во март, но сè уште има украински персонал, е жариште на конфликти, при што двете страни меѓусебно се обвинуваат за гранатирање во близина.

Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се упати кон објектот и треба да изврши увид и проценка на каква било штета.

Предводена од шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, мисијата ќе ги процени работните услови и ќе ги проверува безбедносните системи, соопшти организацијата со седиште во Виена.

Обединетите нации, Соединетите Држави и Украина повикаа на повлекување на воената опрема и персонал од комплексот за да се осигураат дека не е цел.

Maxar Technologies објави сателитски снимки на кои се гледаат дупки на покривот на нуклеарната централа.