29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛани во ЕУ се произведени 3,1 милијарди литри сладолед (ИНФОГРАФИК)

Лани во ЕУ се произведени 3,1 милијарди литри сладолед (ИНФОГРАФИК)

Во Европската унија во 2021-ва година се произведени 3,1 милијарди литри сладолед, што е за 4% повеќе од претходната година, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Во истиот период, земјите-членки на ЕУ извезоа 254 милиони килограми сладолед во земји кои не се членки на ЕУ за вкупно 850 милијарди евра. Истовремено, извозот на сладолед од земјите кои не се членки на ЕУ изнесува 71 милион килограми и чини 192 милиони евра. И додека износот на увоз на сладолед надвор од Унијата падна за 11% во 2021-ва година во споредба со претходната година, извозот се зголеми за 9%.

Водечки производители

Меѓу земјите-членки на ЕУ, Германија е главен производител на сладолед во 2021-ва година, со производство на 614 милиони литри сладолед. Следува Франција (459 милиони литри) и Италија (381 милиони литри).

Покрај тоа што беше најголемиот производител на сладолед во 2021-ва година, Германија го произведуваше и најевтиниот во просек од 1,4 евра за литар. Франција пријавува цена од 2 евра за литар сладолед, а Италија од 2,1 евро.

Извозниците

Франција извезла вкупно 57 милиони килограми сладолед во 2021-ва година, што претставува 22 отсто од нејзиниот извоз во земји надвор од ЕУ. Ова го прави најголемиот извозник меѓу сите земји-членки, пред Холандија (која извезе 38 милиони килограми сладолед или 15% од вкупниот извоз надвор од ЕУ), Италија (33 милиони килограми или 13%), Германија (24 милиони килограми или 10%) и Белгија (23 милиони килограми или 9%).

Увозниците

Првите три се Ирска (15 милиони килограми), Германија (10 милиони килограми) и Холандија (8,99 милиони килограми). На последното место е Словачка со само… осум килограми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП