25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициските можности претставени на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт

Инвестициските можности претставени на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт

Viktor Mizo

Поволностите што ги нуди Македонија за отворање нови производствени капацитети беа претставени пред околу 20 компании од САД, Европа и Јапонија кои учествуваат на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт.

Македонската делегација од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони предводена од директорот Виктор Мизо во директните контакти со дел од компаниите веќе договорила посети на Македонија кои ќе се реализираат во текот на годината со цел тие директно да се запознаат со условите за инвестирање.

На 65. Меѓународен саем за автомобили, кој официјално ќе биде отворен утре, учествуваат повеќе од 300 изложувачи, а се очекуваат над еден милиони посетители.

Станува збор за најголемиот специјализиран саем за автомобили и автомобилски делови во светот.

Во текот на првите два дена на саемот премиерно се претставуваат новите модели на автомобили и се става акцент на стратегијата и концептите за идните случувања и правци во автомобилската индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП