25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„На Наполи не му е потребен Роналдо, Јуве се уште не може...

„На Наполи не му е потребен Роналдо, Јуве се уште не може да закрепне од неговиот трансфер“

Јувентус се уште се закрепнува од трансферот на Кристијано Роналдо. Според поранешниот претседател Џовани Коболи Џиљи, тој трансфер му донесе многу проблеми на тимот и клубот од Торино.

Статусот на Кристијано Роналдо во последните денови од преодниот рок се уште не е променет, но тој би можел да се врати во италијанскиот шампионат, пишуваат локалните медиуми кои го поврзуваат со Наполи. Џиљи ја коментираше оваа можност и тврди:

„Не би сакал да го видам повторно во Италија, и покрај наклонетоста што ја имам кон него. Многу го сакам Јувентус и убеден сум дека неговото доаѓање му донесе многу проблеми на клубот, на тренерот и играчите. Јувентус не може да најде решение како да закрепне“, рекол Џиљи и дополнил.

„Имаше проблеми во соблекувалната. Ако некој има плата од 34 милиони евра, а другите заработуваат шест или седум… Не е рационално да се зборува за такви бројки, но тоа е вистината. Наполи има добар тренер, на Лучијано Спалети му оди добро, а неговиот тим е еден од претендентите за освојување на титулата. Доколку го донесат Роналдо тогаш ќе мора да тргнат од почетокот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП