2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолевање нафта во оганот - САД се подготвуваат да му продадат оружје...

Долевање нафта во оганот – САД се подготвуваат да му продадат оружје на Тајван за 1,1 милијарда долари

Американската администрација на претседателот Џозеф Бајден планира да побара од американскиот Конгрес да одобри продажба на оружје на Тајван во вредност од 1,1 милијарда долари, вклучувајќи 60 противбродски проектили и 100 ракети воздух-воздух, објави порталот Politico, повикувајќи се на информирани извори.

Политико, според три извори, кои побараа анонимност поради чувствителноста на ова прашање, рече дека фокусот треба да биде ставен на одржување на постоечките воени системи на Тајван за исполнување на редовните задачи, наместо да се развиваат нови системи и способности кои веројатно ќе ги разгорат веќе загреаните тензии со Кина, пренесува Ројтерс.

Американските власти ја нагласуваат нивната континуирана поддршка за владата во Тајпеј, а одредени точки во процесот на одобрување помош за Тајван би можеле да бидат објавени во наредните недели или месеци, наведува британската агенција.

Пекинг организираше невидени поморски и воздушни вежби околу островите за кои тврди дека се негова територија, во знак на протест против посетата на Тајпеј на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси овој месец, зголемувајќи ги тензиите на највисоко ниво во последните децении.

Американските политичари го посетија Тајван во три наврати од посетата на Пелоси, а последната беше сенаторката од Тенеси Марша Блекбурн, која во петокот се сретна со тајванскиот претседател Цаи Инг-вен, јавува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП