19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот дефицит на Турција во јули достигна највисоко ниво досега

Трговскиот дефицит на Турција во јули достигна највисоко ниво досега

Трговскиот дефицит на Турција се зголеми на рекордно ниво во јули, поттикнат од зголемените трошоци за енергија, пишува „Bloomberg“.

Дефицитот на земјата минатиот месец достигна 10,7 милијарди американски долари, надминувајќи ја просечната прогноза во анкетата на медиумите за ниво од 10,6 милијарди американски долари. Ова беше историски највисокото ниво откако се водат статистики од 1984-та година.

Во периодот јануари-јули, дефицитот е еднаков на 62,2 милијарди долари, што е за 143,7% повеќе во однос на истиот период претходната година.

Централните банкари на земјата се обидуваат да го поддржат растот преку ултра лабава монетарна политика, надевајќи се дека евтините заеми ќе го најдат патот до производителите и фирмите ориентирани кон извоз.

Изгледите за трговскиот биланс на земјата се влошија по руската инвазија на Украина, што значително ја зголеми цената на енергијата. Русија, клучен извор на сурова нафта и природен гас, и дозволи на Турција да изврши некои плаќања во рубљи, но деталите за условите договорени меѓу двете земји остануваат тајна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП