Министрите за енергетика на Европската унија ќе одржат вонредни разговори на 9ти септември за да најдат одговор за брзото зголемување на цените на гасот и електричната енергија, изјави во понеделник чешкиот министер за индустрија Јозеф Сикела.
„Ќе се сретнеме во Брисел на 9 септември“, рече Сикела, чија влада сега претседава со ЕУ и е одговорна за организирање состаноци на министрите на ЕУ.

