3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина за прв пат има повеќе од 300 милијардери

Кина за прв пат има повеќе од 300 милијардери

chinapeople1

Бројот на милијардери во Кина, пресметувајќи во американски долари, во оваа година за прв пат е поголем од 300 лица, покажа истражувањето кое е објавено денес.

Втората светска економија има точно 315 милијардери, односно 64 проценти повеќе во споредба со минатата година, покажува истражувањето на институтот Хурун.

Најбогатиот човек во таа земја е шефот на конгломератот „Wanda“, Ванг Јианлин, кој неодамна ја купи американската кабелска мрежа „AMC“, а неговото богатство се проценува на 22 милијарди долари, вели Хуран чии податоци се совпаѓаат со податоците од Форбс.

Просечното богатство на 1.000 најбогати Кинези изнесува околу милијарда долари. Недвижнините се најчестиот начин на богатење на кинеските милијардери, и покрај напорите на владата да го ограничи купувањето на недвижнини и да го запре растот на цените.

Леи Јун, сопственикот на мобилната телефонија „Xiaomi“, е личноста која најбрзо успеа да се запише на листата на милијардери, бидејќи неговото богатство за една година се зголеми за седум пати, на 2,6 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП