25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска дизелот ќе се точи за три денари поскапо

Од денеска дизелот ќе се точи за три денари поскапо

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41% во однос на одлуката од 26.08.2022 година. 

Малопродажните цени на бензините  ЕУРОСУПЕР БС-95 и  ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемија за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголеми за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголеми за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголеми за 0,977 ден/кг

Од 30.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС –  95 –    89,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 –    92,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 101,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    97,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС –                                  53,955 (денари/килограм)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП