9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто прават бестрашните претприемачи?

Што прават бестрашните претприемачи?

Man on top

Позната ви е оваа реченица: “Тие прават работи кои другите бизнисмени само сонуваат да ги направат и вообичаено се успешни во тоа“. Тоа е таа карактеристика што ги одвојува од останатите. Тоа се тие претприемачи кои знаат што сакаат и го добиваат тоа што го сакаат, кои континуирано прават профити и имаат успешни бизнис зделки.

1. Тие кажуваат ДА на почеток и потоа размислуваат како да го реализираат истото. Тие се со неверојатна самодоверба, и секогаш изнајдуваат начин како да ја извршат работа и да го решат било кој проблем. Тие се силно уверени во своите способности но исто така веруваат во способностите на своите вработени.

2. Тие размислуваат поинаку од останатите. Многу од бизнис проблемите не се нови, тие изнаоѓаат креативни решенија за нив. Тие не сакаат да наликуваат на другите и секогаш за одреден проблем наоѓаат различно решение.

3. Отворено се изјаснуваат. Тие многу јасно и разбирливо им кажуваат на своите вработени што сакаат од нив. Но никогаш не се расправаат.

4. Тие со ентузијазам ги споделуваат своите вештини. Тие сакаат да ги подучуваат другите, да им го пренесат своето знаење. Тие сметаат дека целиот тим ќе оди напред доколу вештините се споделуваат меѓусебно, на тој начин и целиот бизнис ќе напредува.

5. Тие живеат по свои сопствени правила. Тие го почитуваат авторитетот но не премногу. Тие не прават компромис во врска со нивните принципи и верувања за да добијат одобрение од другите.

6. Тие прават работи што другите само замислуваат да ги направат. Тие се иницијатори, тие имаат идеа и ја остваруваат.

7. Тие никогаш, ама баш никогаш не се откажуваат. Тие се карактеризираат со упорност, истрајност. Значи се концентрираат на една работа и ја завршуваат до крај најуспешно што може, не дозволуваат нешто да ги деконцентрира и да им го одвлече вниманието-фокусирани се, затоа и успеваат.

8. Тие ги игнорираат луѓето кои им викаат дека нема да успеат. Успешните претприемачи не ги слушаат личностите кои постојано ги обесхрабруваат, им викаат дека неможат да ја извршат зададената цел. Тоа е така бидејќи бестрашните претприемачи точно знаат дека имаат големи вештини и способности да го остварат тоа што го започнале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП