7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците дадоа проценка: До кога Русија може да не испорачува гас на...

Британците дадоа проценка: До кога Русија може да не испорачува гас на ЕУ без последици по економијата?

Русија е способна да го запре извозот на гас во Европската унија најмалку една година без негативни последици за националната економија, вели Лиам Пич, експерт за Русија во британската компанија Capital Economics, пренесува Bloomberg.

-Се додека цената на нафтата и нивото на извозот останат на сегашното високо ниво, суфицитот на тековната сметка на Русија ќе биде доволен да ја поддржи дури и ако таа биде исклучена од главниот пазар на гас – нагласи Пик.

Економистот истакна дека високото ниво на цените на енергенсите и овозможува на Русија да заработува до 20 милијарди долари по квартал од продажбата на гас, дури и ако обемот на испораките на синото гориво се намали.

Остриот пораст на цените на гасот започна во Европа минатата пролет. Експертите го припишуваат ова на ограниченото снабдување од главните добавувачи, ниското ниво на подземен капацитет за складирање и силната побарувачка за течен природен гас во Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП