28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕБесна баба шамарала стјуард во авион: Отиде чекор понапред и направи нешто...

Бесна баба шамарала стјуард во авион: Отиде чекор понапред и направи нешто грозно! (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири снимка од инцидент кој се случил за време на летот меѓу Манчестер и Родос, кога жена му удира шлаканица на стјуард затоа што наводно сакал да и го земе џин-тоникот. Екипажот на авионот дури морал да слета во Германија за да ја извлече разбеснетата жена.

Како што објави Сан, постарата жена наводно била фрустрирана откако не и донеле „бесплатен шампањ“. Потоа нарачала џин-тоник, кој стјуардот и го земал бидејќи продолжила да биде агресивна. На видеото од авионот е снимен точниот момент кога жената му удира шамар на стјуардот, што предизвика негодување кај останатите патници.

Еден од патниците тврди дека жената уринирала на нејзиното седиште пред полицијата да ја однесе.

-Жената на летот постојано барала од стјуардесите бесплатно шампањско. Стјуардесата и кажала на жената дека тоа не е дел од услугата и таа на крајот купила џин-тоник. Почнала да биде агресивна, па стјуардот и ја одзел пијачката. Почнала да пцуе и да има насилни испади. Во еден момент таа стана и се обиде да ја отвори вратата од кабината во сред летање. Во тој момент седела со двајца патници кои се обидувале да ја задржат додека удирала луѓе – тврди патник од летот.

Тој понатаму објаснува како лудата патничка не застанала тука.

Таа уринираше преку три седишта и повторно имаше напади на насилни епизоди додека не моравме принудно да слетаме во Минхен. По пристигнувањето во Минхен, од авионот била придружувана од околу 9 полицајци, заедно со брза помош и пожарникари. Во Германија бевме повеќе од два часа – раскажува тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП