26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд октомври Британците ќе имаат зголемени сметки за енергија за 80 отсто

Од октомври Британците ќе имаат зголемени сметки за енергија за 80 отсто

Сметките за енергија на домаќинствата во Велика Британија ќе скокнат за 80 отсто од октомври на просечни 3.549 фунти (4.210 евра) годишно, објави во петокот регулаторот „Ofgem“, нарекувајќи го скокот „криза“ што владата мора да ја реши со итна и одлучна интервенција.

Зголемувањето тешко ќе ги погоди домаќинствата ширум Британија, а сметките најверојатно ќе се зголемат повторно во јануари, бидејќи цените на гасот на големо достигнаа рекордно високо ниво, поттикнати од намалената понуда од Русија, изјави извршниот директор на „Ofgem“, Џонатан Брерли.

Пазарот е премногу нестабилен за да се предвиди новото ниво на регулирани цени, кое ќе стапи на сила во јануари, но со оглед на условите на пазарот на гас во зима, цените би можеле значително да се влошат во 2023-та година, соопшти енергетскиот регулатор.

Порастот на цените може да турне милиони домаќинства во сиромаштија, што ќе ја намали потрошувачката на покривање на основните потреби и ќе ја загрози иднината на компаниите низ Британија.

И покрај тоа што инфлацијата го достигна највисокото ниво во последните 40 години и предупредувањето на централната банка за можна долготрајна рецесија, одговорот на Британија на кризата беше попречен од трката да го замени Борис Џонсон како премиер.

Новата премиерка, било да е Лиз Трус или Риши Сунак, мора да направи нешто штом ќе ја преземе функцијата на 5-ти септември, нагласи шефот на регулаторот за енергија.

„Одговорот ќе мора да биде сразмерен на кризата пред нас“, додаде Бреарли.

Министерот за финансии Надим Захави рече дека зголемените регулирани цени на енергенсите ќе предизвикаат стрес и вознемиреност кај милиони граѓани, додавајќи дека владата работи на план да му го претстави на новиот премиер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП