2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусија во ОН го блокираше договорот за неширење на нуклеарното оружје

Русија во ОН го блокираше договорот за неширење на нуклеарното оружје

Русија го блокираше соопштението во Обединетите нации чија цел беше зајакнување на Договорот за неширење на нуклеарното оружје, бидејќи Москва се спротивстави на клаузулата поврзана со контролата на нуклеарната централа Запорожје во Украина.

Завршната седница синоќа беше одложена повеќе од четири часа поради одбивањето на Русија да потпише изјави за поддршка на договорот, во кој се споменува нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на руските сили, наведува Гардијан.

Во дел од завршниот нацрт на текстот вчера беше нагласена „најголемата важност да се обезбеди контрола врз нуклеарните капацитети од страна на надлежните украински власти, како што е нуклеарната централа Запорожје“.

Руската делегација беше единствената против договорениот текст, но ја обвини Украина и нејзините „заштитници“ за неуспехот на конференцијата, нарекувајќи ги преговорите „еднострана игра“, пишува Гардијан.

По изјавата, руската делегација ја напушти салата на ОН.

Договорот за неширење на нуклеарното оружје беше склучен во 1968 година, во кој државите со нуклеарно оружје се обврзаа да се разоружаат, додека државите без нуклеарно оружје ветија дека нема да го набават, а ова е втора петгодишна конференција без заедничка изјава во која се наведува дека повторно се обврзале на целите на договорот, наведува британскиот весник.

Во четвртокот електраната Запорожје беше привремено исклучена од украинската електрична мрежа, но врската беше повторно воспоставена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП