28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЕскобар: Заборавете на наративот дека Косово е Србија - да преминеме на...

Ескобар: Заборавете на наративот дека Косово е Србија – да преминеме на онаа дека Косово и Србија се всушност Европа

Мислам дека треба да го заборавиме наративот дека Косово е Србија и да преминеме на наративот дека Косово и Србија се всушност Европа, изјави денеска специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Во интервју за Н1, тој рече дека Србија и Косово имаат заедничка иднина која „многу брзо се оддалечува од проблемите на деведесеттите“ и се приближува до 21 век, во кој Западен Балкан ќе стане „генератор на раст за целиот европски континент“.

Тој посочи дека реалноста е дека регионот ќе се поврзе преку економски договори, како што е Отворениот Балкан. „На крајот, сигурно ќе имате добри односи со Косово, Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина“, рече Ескобар. Тој изјави дека Србите од Косово имаат „двојно државјанство, Србија и Косово“ и дека во таа смисла нивните права мора да бидат заштитени „од двете страни“. Тој посочи дека како граѓани на Србија имаат право да гласаат и да учествуваат во економскиот и културниот живот на Србија и дека како граѓани на Косово имаат право на заштита од косовските институции. Тој додаде дека постои голема загриженост во меѓународната заедница за потенцијална ескалација на насилството поради мерките што ги спроведува владата на Косово.

Тој рече дека при посетата на Белград, Приштина и на Косовска Митровица ја увидел решителноста за изнаоѓање решенија за излез од кризата и оти верува дека двете страни ќе најдат решение кое ќе овозможи мирен живот на Косово. Тој прецизираше дека не учествувал директно во преговорите во Брисел и дека неговата улога била да ги поддржи тие разговори и да сигнализира дека САД го поддржуваат процесот. Тој нагласи дека САД ќе инсистираат на имплементација на решенијата што ќе ги даде тој процес и дека финансиски и политички ќе ги поддржи тие да бидат функционални за двете страни.

Сè додека имаме мирно, применливо и остварливо решение кое не ги комплицира животите на луѓето во Косово, особено на северот на Косово, мислам дека нема да имаме проблем, истакна Ескобар. Тој посочи дека САД се важен партнер на Косово и дека ја охрабриле косовската страна да биде пофлексибилна и поконструктивна, но дека „имаат свои грижи“, кои САД ги „зела предвид“.

Тој оцени дека автомобилските таблички и личните документи, за кои во моментов се разговара, се „мал проблем“ во рамките на сеопфатната платформа за преговори. Тој додаде дека ангажманот на САД веројатно ќе биде неопходен по дијалогот за да се „консолидира патот кон успехот“ на договорот и да се постигне „конечниот мир меѓу Србија и Косово“, што ќе ја отвори „европската перспектива на двете земји“.

Ескобар рече дека не се поставени рокови во однос на Заедницата на српските општини, но дека таа мора да биде „следна на агендата“, нагласувајќи дека тоа е постоечка обврска. Тој изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен во разговор со претседателката и премиерката на Косово Вјоса Османи и Аљбин Курти истакнал дека оваа обврска мора да се исполни. Ескобар рече дека се надева оти луѓето разбираат дека никој не треба да биде убиен или повреден поради регистарски таблички, но дека и покрај таа надеж, САД работат на безбедноста и стабилноста на Косово. Тој истакна дека САД имаат многу блиска соработка со КФОР и со владите во Белград и Приштина. Зборувајќи за полициските сили во Косово, Ескобар рече дека тие треба да бидат таму и да се грижат за мирот и безбедноста на граѓаните и дека САД го охрабруваат зајакнувањето на довербата меѓу граѓаните и полицијата низ Косово.

Тој посочи дека САД се трудат сите полициски сили во регионот да имаат попрофесионален однос и оцени дека во тоа има недостатоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП