24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСтрашно предупредување: Ова е планот на Путин за украинска нуклеарна централа? ФОТО/ВИДЕО

Страшно предупредување: Ова е планот на Путин за украинска нуклеарна централа? ФОТО/ВИДЕО

Американски експерт стравува дека целта на Владимир Путин би можела да биде да остави јадрата на реакторот во Запорожје едноставно да се стопат, што би било катастрофа.

Претседателот на Енергоатом, Петро Котин изјави дека Русија има „14 единици тешка воена опрема во едниот дел од електраната, а шест возила во другиот“.

Претходно „Енергоатом“ предупреди и дека по гранатирањето на нуклеарната централа во изминатите неколку недели, оштетени се складиштето во кое се складира потрошеното нуклеарно гориво, како и детекторите за следење на радијацијата.

Во интервју за Гардијан во средата, Котин рече дека руските инженери подготвиле детален план за исклучување на нуклеарната централа од украинската електрична мрежа и нејзино поврзување со руската.

„Тие го претставија (планот) на работниците во централата, а тие ни го претставија нам. Предуслов за овој план беше сериозно оштетување на сите линии што ја поврзуваат нуклеарната централа Запорожје со украинскиот систем“, рече тој за Гардијан.

„Тие само што почнаа да го прават тоа, ги започнаа сите гранатирања само за да ги уништат овие линии“, додаде тој.

Ваквиот процес е крајно ризичен, предупредува Котин, бидејќи електраната би зависела од дизел генератори за ладење помеѓу исклучувањето и приклучувањето на новата мрежа, а без ладење реакторите би почнале да се прегреваат по 90 минути.

„Ако не успеете да обезбедите ладење… час и половина, тогаш веќе ќе имате топење“, нагласи тој и додаде дека опасност се и руските воени возила паркирани директно до двата реактори, поради што пристапот на пожарникарите во случај на пожар е блокиран.

Од друга страна, поранешниот американски офицер Ден Рајс вели дека САД „се загрижени дека наместо да фрли нуклеарна бомба, Путин едноставно може да предизвика топење на јадрото на реакторот. Тој може да го саботира и да каже дека украинските нацисти го уништиле“, смета Рајс.

„Значи, тој би предизвикал катастрофа како онаа во Фукушима, а потоа би го искористил тоа како оправдување за да ги повлече своите сили од Украина, бидејќи тие се изложени на радијација. Тој губи во Украина, му треба достоинствен излез и таков напад под члажно знаме може да му го даде тоа“, објаснува Рајс за можниот мотив за таква саботажа.

Во овој контекст, не е ирелевантна оценката за ширењето на радиоактивни честички во случај на нуклеарна катастрофа во електраната Запорожје, според моменталните временски услови, која минатата недела ја објавија научниците на Украинскиот хидрометеоролошки завод.

Според нивната симулација, радиоактивниот материјал би можел да достигне северно до Балтичкото Море, а на тој начин до Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Белорусија. На запад ќе стигне до Молдавија, Романија, Србија, Словачка, Унгарија и Чешка. На исток би го опфатила Донбас, кој во голема мера е под руска окупација – но не и самата Русија.

Со ова практично се согласува и командантот на руските сили за радиоактивна, хемиска и биолошка одбрана Игор Кирилов, кој најави дека во случај на несреќа, радиоактивен материјал ќе ги покрие Полска, Германија и Словачка.

Тој не кажа ниту збор за ширењето на радијацијата во Русија, што некои го наведуваат како главна причина зошто руските сили никогаш не би ризикувале катастрофа во оваа нуклеарна централа.

Сепак, експертите генерално се согласуваат дека катастрофата во Запорожје ќе биде на исто ниво со онаа во Фукушима во 2011 година, а не со онаа во Чернобил во 1986 година, кога реакторот буквално експлодираше. Такво сценарио е тешко да се замисли во овој случај.

Во меѓувреме, постојат индикации дека меѓународните инспектори од МААЕ конечно може да добијат дозвола за обиколка и проверка на фабриката, што директорот на агенцијата, Рафаел Гроси и шефот на ОН, Антонио Гутереш долго време го бараа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП