26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААХВ: Од пазарот се повлекува небезбедна серија од органски био сок од...

АХВ: Од пазарот се повлекува небезбедна серија од органски био сок од јаболко од брендот ХИПП

Се повлекува органскиот био сок од јаболко од брендот ХИПП поради опасност од присуство на туѓо тело, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од таму велат дека по извршена вонредна инспекциска контрола, на компанијата увозник ѝ е издадено решение и забрана за пуштање во промет на небезбеден производ – Органски био сок од јаболко, во пакување од 0,2 литри, со лот А98967, од брендот HIPP, со рок на траење 31.10.2023 година.

„Бидејќи како небезбедна се смета целата серија од овој производ, на увозникот наредено му е да изврши и повлекување/отповикување на овој производ со наведениот лот од прометот. Се повикуваат потрошувачите кои го имаат купено посочениот производ истиот да не го употребуваат, односно да го вратат на местото каде е купен.

Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].“ велат од АХВ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП