6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Минусот во српскиот државен буџет во јули надмина 100 милијарди динари. Врз основа на прелиминарните податоци за август, во Фискалниот совет оценија дека до крајот на годината дефицитот ќе биде поголем од 178 милијарди динари, колку што е предвидено со ребалансот пред два месеца. Во Министерството за финансии на Србија најавуваат нов ребаланс, а експертите ја советуваат државата во буџетот за 2014 година драстично да се намали потрошувачката, за да може да го контролира дефицитот и јавниот долг.

Белград – Германскиот автогигант „Мерцедес“ ќе склучи договор за стратешко партнерство со „Икарбус“ од Белград за прозводство на автобуси во погоните на оваа белградска фабрика, јави српската држвана телевизија РТС. Во изјава за РТС, директорот на „Мерцедес-Бенц“ за Србија, Ролф Јирген Зејерле инфромира дека под раководство на експерти на германската компанија, во погоните на „Икарбус“ ќе се произведуваат шасии за автобуси марка „Мерцедес“ наменети за клиенти во Србија, но и за пазарите на други земји. Зејерле најави дека „Мерцедес“ преговара за сорабтока и со српската фабрика за произвидство на камиони ФАП од Прибој, но одби да даде детали за содржината на преговорите.

Белград – Тие кои со години патуваат низ Србија велат дека не се сеќаваат дали некогаш имало толкава навалица на автопатиштата. Во „Патишта на Србија“ велат дека во јули и август оваа година забележан е пораст на сообраќајот за 6,7 отсто, а приходот од наплатата на патарината е зголемен за околу 1,6 отсто во однос на истиот период лани. Во однос на минатата година за наведениот период бројот на возилата кои користат електронски вид на плаќање на патарината е зголемен за околу 68 отсто.

Загреб – Хрватското Министерство за градежништво и просторно планирање издаде градежна дозвола на францускиот конзорциум ЗАИЦ за изградба на нов обкејт на аеродромот во Загреб. Една од најголемите странски инвестиции во Хрватска, вредна 236 милиони евра, која подразбира изградба на нов патнички терминал на загребскиот аеродром, дефинитивно ќе се реализира, изјави помошник министерот за инфраструктура Марко Лончаревиќ. Во почетокот на октомври, концесионерот ќе го преземе управувањето на аеродромот на следните 30 години.

Подгорица – Три компании, од Индија, Германија и Хрватска, се заинтересирани за Комбинатот за алуминиум „Подгорица“, (КАП), а нивни претставници во текот на оваа недела ќе ја посетат фабриката. Моментно, најсериозен инвеститор е фабриката за алуминиум од Шибеник, дознаваат „Дневне новине“ од повеќе извори. Покрај овие три компании, заинтересираност за КАП претходно искажаа и германската ХГЛ, турската „Тошчелик“, како и една компанија од Полска.

Ровињ – Хрватската компанија „Фабрика за тутун Ровињ“ (ТДР) отвори фабрика во Иран и така ја прошири својата дејност и на пазарот во југозападна Азија.

Рим – Италијанската банка „Монте дел Пасчи ди Сиена“ планира докапитализација во висина од 2,5 милијарди евра, во однос на претходната планирана милијарда евра. Со тоа се зголемуваат изгледите за национализација на банката, ако не успее да ги собере потребните пари. Најстарата банка на светот, која е трета по големина во Италија, планира зголемување на капиталот за 2,5 милијарди евра, што е најнова мерка во болниот процес на зајакнување на тој 540 години стар заемодавец од Тоскана. Реализацијата на планот треба да почне идната година.

Берлин – Подобрување на автомобилскиот пазар на западна Европа во следните години нема да има, смета финансискиот директор на „Фолксваген“ Ханс Дитер Печ. Во интервју за германскиот весник Берза цајтунг тој рече дека најголемиот европски производител на автомобили ги намалува трошоците и дека внатрешата структура на компанијата се обидува да ја направи поефикасна. Покрај тоа, „Фолксваген“ ги одложи инвестициите бидејќи очекува послаба побарувачка на автомобили во тој регион во 2013 година и следните неколку години.

Москва – Кинеската корпорација за нафта и гас „Петрочајна“ ја разгледува можноста за инвестиција вредна 10 милијарди долари во источносибирски проекти на „Газпром“ и „Росњефт“. Според добро инфромирами извори на Блумберг, кинеските инвеститори се интересираат за малцински удели во проекти за развој на гасните полиња во Источен Сибир. Претставник на „Петрочајна“ се ограничи на општ коментар дека корпорацијата има намера да развие сеопфатна соработка со руските компании и се надева дека ќе реализира инвестиции во нафтени и гасни проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП