19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНикој не го сака Роналдо: Уште еден клуб го одби

Никој не го сака Роналдо: Уште еден клуб го одби

Кристијано Роналдо е честа тема на шпекулации кои го селат од „Олд Трафорд“ во голем број клубови. Откако не успеа да го замени Манчестер јунајтед со Челзи, Баерн, Борусија Дортмунд или Пари Сен Жермен, тој секојдневно се поврзува со клубови кои ќе играат во Лигата на шампионите. По ждрепката за елитното натпреварување, јасно е дека кариерата нема да ја продолжи ниту во Марсеј.

Да потсетиме, во италијанските медиуми се појави вест дека агентот на Роналдо Жорге Мендеш и раководството на Марсеј се во контакт и дека ќе почнат преговори, потоа за оваа можност почнаа да пишуваат и француски новинари. Сето ова го демантираше Пабло Лонгорија, претседателот на Марсеј.

„Живееме во свет на социјални мрежи кои секогаш бараат сензација. Да бараме од Роналдо да дојде во Марсеј е исто како да бараме од Кевин Де Брујне, Дарвин Нуњез или Ерлинг Халанд да дојдат кај нас. Сништата се убави, но мора да бидеме реални“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП