Општина Центар преку фотографии ја прикажува вистинската слика на просторот кај поранешната фабрика за мебел „Треска“ кој вчера почна да се расчистува. Градоначалникот Горан Герасимовски вчера изјави дека локацијата има потреба од итно расчистување затоа што претставува сериозна закана за животот на околните жители земајќи ги предвид пожарите во кои гореа азбестни табли.
На локацијата досега имаше два големи пожари, вториот по силна експлозија поради што Министерството за животна средина повика жителите да ги затворат прозорците. Просторот често е и престојувалиште на бездомници чие здравје е загрозено од нечистотијата налик „Чернобил“ и големиот број на глодари.








