Во говорот по повод 31-годишнината од независноста на Украина, претседателот на земјата, Володимир Зеленски, рече дека Украина се прероди кога Русија го започна својот напад на 24 февруари.
Зеленски се сретна и со британскиот премиер во заминување Борис Џонсон, кој во средата допатува во посета на Киев, шест месеци откако Русија започна напад врз таа земја.
„Украина може и ќе победи во оваа војна“, рече Џонсон во Киев и вети дополнителен пакет воена помош за Украина.
А Америка му обезбеди на Киев речиси три милијарди долари за оружје и опрема во „најголемата транша од безбедносна помош досега“, рече американскиот претседател Џо Бајден.
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги покани експертите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) што поскоро да ја посетат нуклеарната централа Запорожје.
Двајца вработени во нуклеарната централа, која е под контрола на руските сили, се уапсени поради пренесување информации на украинските власти, соопшти руската национална гарда.
Натпреварот од првото коло на украинскиот фудбалски шампионат меѓу Рух Лавов и Металист Харков беше прекинат од безбедносни причини кога се огласија сирените за авиосообраќај.
По седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации одржана синоќа, по повод шест месеци од почетокот на војната во Украина и Денот на независноста на таа земја, 58 земји усвоија заедничка изјава во која бараат итен прекин на воените дејствија „иницирани со руската инвазија на Русија“.
Најмалку 22 лица загинаа во руски ракетен напад на железничка станица, во кој изгоре патнички воз во украинскиот град Чаплин, соопштија властите во Киев, а пренесува Ројтерс.