26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако од грозјето да го извлечете максимумот

Како од грозјето да го извлечете максимумот

Искористете ја сезоната на ова овошје, но не претерувајте со количините…

Поради високиот процент на шеќер во грозјето тоа ни дава енергија, сила, го подобрува расположение и концентрација, но тоа не значи дека треба да претерувате со него.

Изедете дневно околу 300 грама, бело или црно грозје за ужинка, или кога на работа или училиште ќе ви се приспие, брзо ќе го почувствувате неговото поткрепувачко дејство.

Грозјето има големи нутритивни и диететски вредности и благодарение на своите својства делува како природен лек за организмот.

Ова овошје е богато со флавоноиди, кои влијаат на чистењето на организмот и борбата со токсичните супстанци кои ги внесуваме со исхраната.

Со оглед на тоа дека железото го намалува нивото на холестерол во крвта, можат да го јадат и лицата кои имаат зголемен холестерол, но не би требало да претеруваат поради шеќерот и калориските вредности.

Грозјето содржи, покрај останатото, витамин А, како и витамините од Б групата, кои и се потребни на вашата кожа, но и на ноктите и косата. Затоа грицкајте го или изгмечете го и нанесете го на лицето како маска.

Витмаинот Ц, кој исто така го содржи, особено ќе им прилега на пушачите кои секогаш имаат недостаток поради никотинот кој го внесуваат во себе, а кој го согорува овој витамин.

За од грозјето да се извлече максимумот, треба долго да се џвака, особено семките кои се кријат во зрното, кои исто така треба добро да ги изџвакате бидејќи повеќекратно се благотворни за нашето здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП