22 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТИталијанец по одморот во Шпанија бил позитивен на корона, ХИВ и мајмунски...

Италијанец по одморот во Шпанија бил позитивен на корона, ХИВ и мајмунски сипаници

Во Италија имало случај на 36-годишен маж на кој по враќање од петдневното патување во Шпанија, истовремено му биле дијагностицирани мајмунски сипаници, ковид-19 и ХИВ.

Девет дена по враќањето во Италија, пациентот развил симптоми, кои вклучуваат треска, болки во грлото, замор и главоболка, како и осип на левата рака, по што се појавиле плускавци во следните неколку дена, пренесува CNBC.

Откако бил хоспитализиран, низа тестови покажаа дека е позитивен на мајмунски сипаници, ковид-19 и ХИВ. ХИВ тестот на мажот покажал високо вирусно оптоварување.

Тој бил пуштен од болница по околу една недела, откако се опоравил и од мајмунските сипаници и од коронавирусот.

„Овој случај покажува како симптомите на мајмунска сипаница и ковид може да се преклопат и потврдува дека во случај на коинфекција треба да се испитаат сексуалните навики на пациентот за да се дојде до правилна дијагноза“, велат експертите од Универзитетот во Катанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар