7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМедведев: „Специјалната воена операција е превентивна мерка“

Медведев: „Специјалната воена операција е превентивна мерка“

Русија не може да го прифати фактот дека НАТО може да биде стациониран на територијата на Украина, изјави Дмитриј Медведев.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, додаде дека одлуката за спроведување на специјална операција е донесена како превентивна мерка, за да не може Западот да ја нападне Русија.

„Не можеме да го прифатиме фактот дека НАТО ќе биде стациониран на територијата на Украина и дека лудите глави – овој или следниот – за нас не е важно, на крајот на краиштата, на пример, тие ја напаѓаат нашата територија, истиот овој Крим.

Токму затоа е донесена одлука за превентивна операција“, посочи тој.

Медведев денеска го посети полигонот „Мулино“ во регионот Нижни Новгород, каде се запозна со подготовката на војниците од Западниот воен округ како дел од летниот режим на обука.

Претходно Медведев изјави дека некои украински политичари се обидуваат да и се закануваат на Русија, со оглед на нападот на Крим, но доколку се случи вакво нешто, тогаш ќе дојде судниот ден за сите нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП