7 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПоранешен амбасадор: Следна цел на Путин е Балканот

Поранешен амбасадор: Следна цел на Путин е Балканот

Путин ќе ги „засили немирите“ на Запад ако продолжи да навлегува подлабоко во проблеми во Украина, смета поранешниот британски амбасадор во Русија Родерик Лејн.

„Мислам дека тие ќе се обидат да поттикнат повеќе конфликти на Балканот. Мислам дека би можеле да видиме уште поголема руска активност на исток и во Северна Африка“, изјави тој за Скај њуз.

Тој додаде дека смета дека рускиот претседател „во одреден момент“ ќе понуди некаков вид на прекин на огнот во замена за признавање на анексијата на четирите западни провинции на Украина. „Мислам дека тој ќе употреби низа тактики бидејќи ситуацијата на теренот во Украина станува се потешка за неговите војници“, продолжи Лејн.

Според него, интензитетот на војната ќе се намали бидејќи двете страни се прилично исцрпени. „И мислам дека влегуваме во некаков ќор-сокак со повремени престрелки преку линијата на контрола и долга, исцрпувачка војна”, рече тој.

Тој рече дека верува оти Путин е „целосно опседнат“ со Украина и дека рускиот претседател мисли дека ќе победи. „Навистина не се гледа крајот. Не се работи само за последните шест месеци. Оваа војна трае осум и пол години. А Путин е целосно опседнат со Украина“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП