26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДрама за Рафаел Надал: Бремената сопруга примена во болница, мора да оди...

Драма за Рафаел Надал: Бремената сопруга примена во болница, мора да оди на итна операција?

Шпанските медиуми јавуваат дека бремената сопруга на Рафаел Надал, Мери Циска Перело е примена во приватна клиника во Палма де Мајорка, каде најверојатно ќе и биде извршена итна операција.

Мери, која е во 31 недела од бременоста, моментално е под надзор на лекари за да избегне компликации, пренесува „Ел Периодико“.

Таа е во болница од понеделникот, а во последните неколку часа на клиниката биле видени нејзините родители, како и сестрата на Надал, Марибел Надал, која е и една од најдобрите пријателки на сопругата на Рафа, која ги зближила.

Рафаел Надал моментално се наоѓа во САД каде се подготвува за УС Опен.

Веста дека Мери е бремена први ја објавија медиумите во Шпанија, кога протекоа фотографии на кои се гледа нејзиниот стомак, набрзо и самите ја потврдија информацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП