25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки за цел процентен поен?

ЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки за цел процентен поен?

Трејдерите се повеќе се уверени дека Европската централна банка (ЕЦБ) ќе преземе похрабри мерки за да ја скроти инфлацијата додека еврозоната се бори со рекордните цени на енергенсите поради војната во Украина.

Пазарите на пари сега целосно се согласуваат дека монетарната политика ќе биде затегната за цел процентен поен до состанокот во октомври. Така, каматната стапка на депозитите ќе се искачи на еден процент. Секое такво зголемување веднаш ќе се пренесе на имателите на хипотекарни заеми.

Стравувањата од инфлација предизвикани од енергетската криза не се единствената грижа на еврозоната. Трговците исто така веруваат дека Банката на Англија ќе ги удвои каматните стапки на 3,5 отсто до крајот на годината. Британската монетарна власт ја прекина традицијата на давање насоки за стапките кога трошоците за задолжување се зголемија за половина поен минатиот месец, велејќи дека наместо тоа, ќе има пристап „состанок по состанок“.

И додека трговците ги заострија цените поагресивно на краток рок, тие сега веруваат дека ЕЦБ последователно ќе го забави темпото на зголемување на стапките во 2023 година. Гледаат дека каматите ќе достигнат два отсто дури до септември следната година.

Бидејќи ЕЦБ смета на зголемена инфлација, ќе мора да ги земе предвид влошените економски изгледи за еврозоната. Производството во 19-члената еврозона опадна бидејќи рекордните цени на енергенсите и храната ја намалија побарувачката, а се повеќе сектори гледаат мрачна иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП