25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУдарот врз германската економија ќе се чувствува со години

Ударот врз германската економија ќе се чувствува со години

Економското влијание на руската инвазија на Украина врз Германија ќе трае со години, предвидува за „Reuters“ влијателниот економист Марсел Фрацчер од германскиот институт за економски истражувања (DIW), додавајќи дека тоа може да чини 3 процентни поени од економскиот раст во оваа година.

Фрацчер, чиј институт ја советува владата на најголемата европска економија за макроекономската политика, верува дека влијанието на војната може да трае до 2025-та година, кога Германија очекува целосно да се одвикне од зависноста од рускиот гас.

Со децении, земјата напредуваше благодарение на сигурните текови на евтин руски гас, но сега брза да се преориентира по избувнувањето на војната во февруари.

„Војната во Украина и нанесе огромна штета на германската економија“, рече Фрацчер, додавајќи дека економскиот раст најверојатно ќе биде 1,5 отсто, што е помалку од неговата прогноза од 4,5 отсто на почетокот на годината.

Влијанието на војната врз инфлацијата преку високите цени на енергијата, исто така, ќе опстои во сличен период, иако економистот ги отфрла сугестиите дека има причина за ограничување на платите.

„Синдикатите не се толку силни како што беа во 1970-тите“, забележува тој, додавајќи дека очекуваниот раст на платите од 4,5 отсто оваа година е далеку под стапката на инфлација од околу 8 отсто.

„Дури и во наредните години, не гледам никакви знаци дека ќе влеземе во спирала на платите“, вели Фрацчер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП