19 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНаскоро ќе се наплаќа влез на јадранските плажи?

Наскоро ќе се наплаќа влез на јадранските плажи?

Дали со новиот Закон за поморски имот и поморски пристаништа, кој се подготвува во Хрватска, плажите ќе се приватизираат, ќе се оградуваат и ќе се наплатуваат влезници?

Предлогот на Законот за поморски имот и поморски пристаништа овозможува ограничување на општата употреба на поморскиот имот, негово оградување, па дури и потенцијално наплатување за пристап до плажите, предупредуваат од “Движење на островите” во отвореното писмо упатено до Владата.

Дел од плажата во Петрчани под концесија е во склоп на туристичкиот комплекс. Таа е една од 18-те такви плажи во Хрватска, со влезница. Под концесија се 350. Новиот Закон за поморски имот и поморски пристаништа, ќе овозможи нивно акумулирање, пишува Дневник.хр.

Маја Јуришиќ, претседателка на Движењето, посочува дека се споменуваат огради и влезници, поради што се многу загрижени за тој дел од предложениот закон.

Таа вели дека истото се случило и во Грција и Италија, бидејќи јавноста не реагирала навреме.

Туристите не се особено воодушевени за оваа идеја.

Винсент, турист од Англија, вели дека во Италија платил место на плажа, но истакнува и дека, на пример, во Барбадос секоја плажа е јавна.

Плажите во Хрватска мора да останат такви, се согласуваат капачите.

Мирсада, патник од Босна и Херцеговина, вели дека туристите не би можеле да си го дозволат тоа, бидејќи и онака се поскапело.

Јармила, туристка од Чешка, смета дека наплатата за влез на плажа е погрешна. Таа посочува дека плажите треба да бидат достапни за секого.

И така ќе биде, велат од ресорното министерство. Напоменуваат дека нацрт-законот се уште е во работна верзија и дека се креира под будното око на професори и експерти од областа на поморските работи и поморскиот имот.

Како што тврдат, нема место за паника.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП