20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските складишта за гас се наполнети повеќе од 80 отсто и покрај...

Германските складишта за гас се наполнети повеќе од 80 отсто и покрај намалувањето на испораките од Русија

Германските капацитети за складирање природен гас сега се полни повеќе од 80 отсто, што укажува на постојан напредок и покрај драстичното намалување на испораките од Русија поради војната во Украина.

Според податоците објавени денеска, складиштата за гас во Германија, најголемата европска економија, се полни 80,14 отсто.

Германските власти велат дека складиштата за гас „постојано се полнат“, но предупредуваат дека тридневната суспензија на испораките преку гасоводот Северен тек 1 од Русија, планирана за следната недела, „би може привремено да ја забави“ таа активност.

Природниот гас се користи за напојување на индустријата, загревање домови и канцеларии и производство на електрична енергија.

Зголемувањето на резервите на гас е клучен фокус на германската влада откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, за да и помогне на земјата да избегне пречки во индустријата поради зголемената зимска побарувачка.

Германските складишта за гас беа полни околу 56 отсто кога руската државна компанија Газпром почна да ги намалува испораките преку гасоводот Северен тек 1 во средината на јуни. Русија тогаш ги наведе техничките проблеми како причина за намалувањето, што германските власти го отфрлија како изговор за да покажат руска политичка моќ.

Во претходните недели Северен тек 1 работеше со само 20 отсто капацитет. Гаспром во петокот објави дека гасоводот ќе биде затворен од 31 август до 2 септември поради „рутинско одржување“ на компресорската станица.

Германската влада пред еден месец ги заостри условите за пополнетост на магацините, воведувајќи обврска до 1 септември тие да бидат исполнети 75 отсто, до 1 октомври 85 отсто и до 1 ноември 95 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП