18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПутин ќе го срамни Киев! Американците тврдат дека Русија планира стравични напади

Путин ќе го срамни Киев! Американците тврдат дека Русија планира стравични напади

Американската амбасада во Киев ги повика американските граѓани да ја напуштат Украина, наведувајќи дека Стејт департментот има информации дека Русија планира да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти во таа земја во наредните денови.

Иако времето се совпаѓа со прославата на Денот на независноста на Украина, западните медиуми шпекулираат дека тоа е всушност сурова одмазда планирана од Кремљ поради ликвидацијата на Дарија Дугина (29), ќерката на филозофот Александар Дугин, пред неколку дена во Москва, кога поставена бомба ѝ го разнесе автомобилот.

Како што јави агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на добро информирани извори меѓу претставници на американската администрација, објави дека САД имаат разузнавачки информации дека рускиот претседател Владимир Путин планира нови жестоки напади врз украинската цивилна инфраструктура и владини објекти, пред се во главниот град Киев.

Дека во овој случај не се работи само за разузнавачка војна, на која веќе се навикнавме од почетокот на војната во Украина, доказ е она што речиси истовремено со предупредувањето од Вашингтон, го објави и рускиот канал наТелеграм, “Интел Слава З”, за кој се вели дека е многу близок до Кремљ и најчесто пред официјалните канали ги пренесува ставовите на Путин, неговата администрација и руската армија.

-Во следните неколку недели ќе биде изведена најголемата воздушна воена операција во претходните 30 години. Во него ќе учествуваат силни воздухопловни сили во соработка со другите ограноци на руската армија – стои во најважниот дел од информациите што ги пренесува овој канал, со тврдење дека тоа е причината за одредени акции што се обидуваат да ги спроведат украинските сили, како и ракетирањето на нуклеарната централа во Запорожје.

Вчера советникот на украинскиот претседател Александар Родњански за Би-Би-Си изјави дека многу цивили го напуштаат Киев во страв од руски напад.

-Сигурно се осеќа загриженост во воздухот – рече советникот.

Како што рече, луѓето реагираат на веста, се трудат да имаат планови за вонредни ситуации, а не сакаат да поминуваат премногу време во близина на центарот, во близина на владината зграда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП