22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот посилен од еврото, вредноста на европската валута на најниско ниво

Доларот посилен од еврото, вредноста на европската валута на најниско ниво

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 108,90 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 108,23 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута е стабилен околу 137,40 јени, како и вчера.

Но, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на најниско ниво во последните 20 години – под еден долар. Курсот на еврото во моментов е околу 0,9940 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0027 долари.

Притисокот врз еврото е последица на стравот на инвеститорите дека економијата на еврозоната ќе западне во рецесија поради енергетската криза, додека Европската централна банка треба повторно да ги зголеми каматните стапки поради високата инфлација.

Благ пораст на цената на нафтата

Цените на нафтата се зголемија откако Саудиска Арабија предупреди дека ОПЕК може да го намали производството доколку побарувачката за нафта падне поради економската слабост и цените дополнително паднат.

Цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 0,83 отсто – на 97,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,85 отсто, на 91,15 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП