Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека руските сили би можеле да ги интензивираат нападите врз Украина денеска и утре, кога Киев го слави Денот на независноста, предупредувајќи ја Москва на силен одговор од украинските сили.
На прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда кој е во посета на земјата, како одговор на новинарско прашање за можноста од руски ракетен напад врз Киев, Зеленски рече дека постои секојдневна закана од напад и дека украинското разузнавање соработува со странски разузнавачки служби.

