25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРецесијата во Германија станува се поверојатна

Рецесијата во Германија станува се поверојатна

Веројатноста за рецесија во Германија се зголемува, а инфлацијата во најголемата европска економија би можела наесен да надмине 10 отсто, предупреди „Bundesbank“ во својот месечен извештај.

Поради огромниот удел на индустријата во економијата на земјата, Германија е една од земјите најтешко изложени на последиците од руската гасна криза, при што порастот на цените на енергијата веќе има полошо влијание од очекуваното.

Се поизвесно е дека ќе има пад на економската активност во текот на зимските месеци, објаснуваат од централната банка. Се очекува дека високиот степен на неизвесност околу зимските испораки на гас и силните поскапувања ќе извршат силен притисок врз домаќинствата и бизнисите, се вели во извештајот.

Намалувањето на испораките на руски гас како одговор на западните санкции по инвазијата на Украина доведе до тоа многу независни економисти да заклучат дека рецесијата сега е неизбежна во Германија.

Високите цени и потребата да се соберат залихи за зимата веќе ги принудија властите да ја регулираат потрошувачката на гас, а најголемите потрошувачи, вклучително и челикот и ѓубривата, се главни жртви.

Зголемените цени на енергијата најверојатно ќе продолжат да ја поттикнуваат инфлацијата, при што не се очекува дека инфлацијата ќе достигне врв пред падот, според централната банка.

Инфлацијата наесен би можела да достигне 10 отсто, предвидува „Bundesbank“, според која ризикот од инфлација е висок, особено во случај на целосно прекинување на испораките на руски гас.

Во извештајот се забележува и дека ваквата состојба ја зголемува опасноста од зголемување на платите, особено во контекст на ниската невработеност, што создава ризик од затворање на кругот цена-плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП