Американските власти му доделија на Киев повеќе оружје отколку што објави американската администрација, пишува „Политико“.
Во текстот се споменува и дека минатиот петок висок претставник на Пентагон на прес-конференција признал дека САД веќе извесно време ја снабдуваат Украина со антирадарски ракети „Харм“, без да го соопшти тоа во јавноста.
„Кога првпат објавивме дека испорачуваме ракети Харм, не дадовме конкретни информации за тоа. Тоа го опишавме како испорака на антирадарски системи“, рекол тој функционер.
Подоцна и порталот „Јаху њуз“ пишуваше за можноста САД да и предале оперативно-тактички балистички ракети со наведување ATACMS на Украина.
„Нејасно е дали е тоа така, но ако е вистина, тогаш тоа е во спротивност со она што го објави администрацијата“, наведува „Политико“, кој исто така наведува дека изворите им кажале дека во новиот пакет воена помош за Киев, што беше објавено на крајот на минатата недела, се и артилериски ракети за наведување “екскалибур”.
Тие не беа наведени во официјалното соопштение на Пентагон, кое содржи список на оружје во новата транша од воената помош.
„Политико“ имаше пристап до официјалното соопштение во врска со новиот пакет воена помош, што администрацијата го достави до американскиот Конгрес. Во тој документ, според весникот, се посочува дека оружјето што Вашингтон му го доставува на Киев „не е ограничено“ само на оние на списокот.
„Признаваме дека тоа се само претпоставки. Никој од администрацијата не потврди ниту навести постоење на тајни испораки на оружје за Украина. Дури и да ги има, тешко дека американските власти би ни кажале дека постои таква тајна одлука “, заклучува весникот.