8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАKафето ќе поскапува?

Kафето ќе поскапува?

Намалените приноси на кафе во Бразил, најголемиот светски производител, би можеле да предизвикаат нагло зголемување на цените на кафето ширум светот во наредните месеци.

Фјучерсите на кафето се зголемија за речиси 90% минатата година, откако сушата и мразот го погодија производството во Бразил, покажуваат податоците за тргувањето.

Цените на кафето скокнаа на 10-годишен максимум од 2,59 долари за фунта (1 фунта = 453,5 грама) во февруари и останаа повисоки од претходните години, што претставува зголемување од 18,06% во однос на претходната година.

Пазарните аналитичари очекуваат дополнително зголемување на цените поради спецификите на бербата на кафето во Бразил.

Традиционално, тоа се одвива во двегодишен циклус, при што земјоделците собираат поголеми количества Арабика во парни години.

Сепак, поради екстремните временски услови во 2021 година, очекувањата за годинешната реколта се мали, особено со оглед на зголемувањето на трошоците за ѓубриво и транспорт.

Покрај Бразил, насадите во Колумбија, уште еден голем извозник на кафе, беа погодени од влажното време.

Според некои проценки на Волстрит журнал, овогодинешните приноси на некои фарми се очекува да бидат за 50% помали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП