4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТФинската премиерка негативна на тестот за дрога

Финската премиерка негативна на тестот за дрога

Финската премиерка Сана Марин добила негативен резултат на тестот за дрога кој го направила откако објавила видео од забава на која се забавувала со пријателите, соопштија денеска од нејзиниот кабинет.

На социјалните мрежи почнаа да кружат видеа од Сана Марин (36) од минатонеделната забава со фински џет-сет личности, а набрзо беа објавени од повеќе медиуми во Финска и во странство, пренесува Ројтерс.

Марин минатата недела изјави дека е вознемирена поради појавувањето на видео на кое танцува на приватна забава, бидејќи видеата, како што рече, биле наменети само за пријателите.

Марин, која стана најмладата премиерка на светот во декември 2019 година, се согласи на тест за дрога во петокот, велејќи дека никогаш не се дрогирала и не видела некој да го прави тоа на забавата на која присуствувала минатата недела.

Лидерката на финските социјалдемократи, исто така, рече дека нејзината способност да ги извршува нејзините должности како премиер не била загрозена во саботата вечерта и дека таа ќе ја напуштела забавата доколку било неопходно да ја врши својата работа.

Еден дел од јавноста во Финска изрази поддршка за премиерката Сана Марин, додека друг дел изрази сомнеж за нејзината целосна способност да расудува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП