4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ е против санкции за русите

ЕУ е против санкции за русите

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеп Борел, денеска изјави дека се противи на предлогот целосно да се забрани на Русите да им издаваат визи за влез во земјите на ЕУ.

Шефот на дипломатијата на ЕУ е против идејата иницирана од некои источноевропски земји, пренесува „Раша тудеј“.

Говорејќи на форум во Шпанија, тој го нарече предлогот „контроверзен“ и посочи дека ЕУ треба да избере повеќе санкции против Русија.

„Раша тудеј“ наведува дека Украина побарала од европските земји да ја казнат Русија со ограничување на нејзините граѓани да влезат во ЕУ, а претседателот Володимир Зеленски побарал сите да бидат протерани без разлика што мислат за руската влада.

За потсетување, Естонија неодамна одлучи да ги затвори границите за руските граѓани со шенген визи издадени од таа земја, како што најави естонскиот министер Урмас Рејнсалу.

„Санкцијата значи дека визите ќе останат валидни, но носителите на визи ќе подлежат на санкции при влез во Естонија, односно ќе им биде забранет влезот“, рече Реинсалу на прес-конференцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП