4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски предупреди: Русите би можеле да го искористат 24 август за посебно...

Зеленски предупреди: Русите би можеле да го искористат 24 август за посебно брутални напади

Украина го слави Денот на независноста на 24 август, а тој датум одбележува и шест месеци од почетокот на руската инвазија. Зеленски предупреди дека руските сили би можеле да го искористат тој ден за особено брутални напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика своите сонародници да се држат заедно и да се борат пред Денот на независноста, кога ќе навршат шест месеци од почетокот на руската инвазија на таа земја.

„Мораме да се бориме за победа на Украина, има уште многу работа, мора да се држиме заедно и да издржиме многу, неверојатна болка“, рече тој во видео-обраќањето објавено во саботата вечерта.

Следната недела, на 24 август, Украина го слави Денот на независноста, а тој датум, исто така, одбележува цели шест месеци од почетокот на руската инвазија. Зеленски предупреди дека руските сили би можеле да го искористат тој ден за особено брутални напади.

„Таков е нашиот непријател“, рече тој, мислејќи на „рускиот терор“ во Харков и Донбас, кои се секојдневно под руски напад.

Тој, исто така, рече дека очекува посети од украинските партнери следната недела, посочувајќи дека „војната промени сè за Украина, Европа и остатокот од светот“.

Тој додаде дека целта на Русија е да ја понижи земјата, да шири страв и конфликт, затоа никој не треба да попушти и да покаже слабост.

„Ова е причината зошто се држиме заедно, меѓусебно си помагаме, го градиме уништеното и се бориме за нашиот народ“, нагласи тој во својот говор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП